Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 27.01.2025 година.
Од 31.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 44,531 (денари/килограм)