Халкбанк АД Скопје ги информира своите клиенти дека направена е успешна надградба на електронско банкарство на физички и правни лица и воведени се нови функционалности.

Електронско Банкарство за физички лица ги има дополнително следните функционалности:

  • активација на корисник од мобилен телефон
  • креирање на пакетни налози преку WEB (со еден СМС или Cronto авторизација плаќање на повеќе налози)
  • отварање на депозит преку мобилно банкарство
  • зачувување на последно логирање со отпечаток на мобилно банкарство

Електронско банкарство за правни лица:

  • преглед на кредити преку мобилно банкарство
  • преглед на депозити преку мобилно банкарство
  • преглед на резервации на картички преку мобилно банкарство