Вкупно 259 нови милијардери се најдоа во најновото рангирање на најбогатите луѓе во светот на „Forbes“, во кое влегуваат вкупно рекордни 2.208 лица. Новите засилувања на листата можат да благодарат за тоа најмногу на своите производи, кои се движат од криптовалути, хамбургери до играчки.

 

Најбогатиот нов член во рангирањето е Франсоа Бетанкур-Мејерс со лично богатство вредно 42,2 милијарди долари. Таа стана новиот наследник на козметичкиот гигант „L’Oréal“ и најбогатата жена во Европа.

 

Наследничката на ланецот за брза храна „In-N-Out Burger“, Линеј Снајпер, исто така, се приклучи на рангирањето со лично богатство во вредност од 1,2 милијарди долари откако го прослави својот специјален роденден. Во мај Снајдер го прослави 35-тиот роденден и го доби последниот дел од своето наследство, со што го зголеми нејзиниот дел во популарниот синџир на Западното крајбрежје на САД до 97%. Нејзините родители го основале „In-N-Out“ во 1948-ма година.

 

Повеќе од три четвртини од новите членови на „Forbes“ го стекнаа своето богатство на старомоден начин – како претприемачи. Меѓу нив се Канаѓаните Антон Рабие и Ронан Харари, пријатели од детството, кои собираат 10.000 долари и ја основаат компанијата за играчки „Spin Master“ во 1994-та година. Двајцата главни извршни директори на компанијата имаат по 1,3 милијарди долари.

 

Друг дебитант од Канада е Тоби Лиотке, кој во 2006-та година ја основа „Shopify“ – компанијата за електронска трговија, која стои зад околу 600.000 онлајн продавници. Роден во Германија Лиотке учи да програмира на 12 година и го напушта училиште на 16 години за да работи во сферата на компјутерските науки. Тој емигрирал во Канада во 2003-та година по иницијатива на неговата сопруга, а потоа ја базира „Shopify“ која станува јавна компанија во 2015-та година. Акциите на компанијата поскапеа со 320% од тогаш, што му обезбедува лично богатство од 1,2 милијарди долари, иако тој сè уште оди со велосипед на работа.

 

Меѓу другите попознати дебитант се Шпанецот Алберто Палачи (1.1 милијарди долари), кој во октомври продаде 90% компанијата основана од неговиот татко во 1922-ра година – „Pronovias“ за 655 милиони долари;

 

Швајцарецот Томас Флор (2.3 милијарди долари), основач на „VistaJet“; и Американците Нираџ Шах и Стив Конаин (по 1,6 милијарди долари), кои се ко-основачи на компанијата за домашни стоки „Wayfair“.

 

Сè на сè од „Forbes“ откриле милијардери во 35 држави во светот. Кина може да се пофали со најмногу – 89, потоа следат САД (45), Индија (18) и Германија (13). На телекомуникацискиот магнат Страив Масива (1.4 милијарди) влегува во овогодинешното рангирање како првиот милијардер од Зимбабве додека Шандор Чани, претседателот на унгарската финансиска група „OTP“, е првиот претставник од Унгарија.

 

Овие нови милијардери го стекнале 10-цифреното богатство во 18 различни индустрии. Производствениот сектор е лидер со 47 дебитани, следен од технолошкиот сектор со 29. Третата најпопуларена индустрија се финансиите и инвестициите со 24.

 

Во овогодинешното рангирање за првпат има дебитант кој заработи милијарди од дигитални валути. Крис Ларсен, најбогатиот човек во светот на криптовалутите, влегува во листата на „Forbes“ со лично богатство кое се проценува на 4.6 милијарди долари. Тој ја основа „Ripple“ во 2012-та година, за да ги олесни меѓународните меѓубанкарски порамнувања преку блокчејн технологијата. Чангпенг Жао, познат како „CZ“, исто така се наоѓа на листата, благодарение на своето лично богатство од 1,4 милијарди долари, што се должи на основаната од него берза за криптовалути „Binance“.

 

Еве и кои се 10-те најбогати дебитант во овогодинешното рангирање:

 

Александар Ото (Германија) – 11,8 милијарди долари (Недвижности; Наследство)

 

Ву Шаоксан (Кина) – 7 милијарди долари (Вино; Предпримач)

 

Марике Марс (САД) – 5.9 милијарди долари (слатки, храна за домашни миленици; Наследство)

 

Памела Марс (САД) – 5.9 милијарди долари (слатки, храна за домашни миленици; Наследство)

 

Валери Марс (САД) – 5.9 милијарди долари (слатки, храна за домашни миленици; Наследство)

 

Викторија Марс (САД) – 5.9 милијарди долари (слатки, храна за домашни миленици; Наследство)

 

Софи Кирк Кристијансен (Данска) – 5.4 милијарди долари (Lego; Наследство)

 

Томас Кирк Кристијансен (Данска) – 5.4 милијарди долари (Lego; Наследство)

 

Агнете Кирк Тинкгаард (Данска) – 5.4 милијарди долари (Lego; Наследство)

 

Марија Фернанда Аморим и семејството (Португалија) – 5.1 милијарди долари (Енергетика инвестиции; Наследство).