За дополнителна субвенција можат да се пријават сите земјоделци кои имаат засеани и ожнеани површина со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион. Рокот за аплицирање ќе трае до 25-ти декември. Услов е, производството да го предадат во домашни преработувачки капацитети или да е складирано кај регистриран откупувач …

Право на дополнителни субвенции имаат земјоделците кои засеале и ожнеале површини со сончоглед, маслодајна репка и афион а производство го продале на други, сочувале за сопствениот преработувачки капацитети, или родот го продале или складирале кај регистриран откупувач.

Барања можат да поднесуваат и земјоделците кои жетвата на пченица и јачмен ја продале на регистрирани одгледувачи на добиток, или ја сочувале за сопствени потреби.

Висината на дополнителните директни плаќања е условена со минимални просечни приноси и тоа: 3.000 килограми од хектар за пченица и јачмен, 1.500 за сончоглед и 1.800 килограми за маслодајна репка.

За пченица, јачмен, сончоглед и маслодајна репка субвенцијата е 6.000, a за афионот 18.000 денари по хектар.

Барањето се поднесува во електронска форма и треба да се испечати, потпише и достави до платежната агенцијата преку пошта.

Крајниот рок за поднесување на документите е до 25-ти декември.