Од вчера, земјите-членки на Европската унија (ЕУ) мора да ја известат Европската комисија (ЕК) за механизмите за проверка на странските директни инвестиции.
Ова е едно од новите правила што важат во ЕУ од вчера, а според најавата на ЕК, тие правила треба да ги зачуваат стратешките интереси на Европската унија кога станува збор за директни странски инвестиции, пренесува Танјуг.
Комисијата сега ќе може да го изрази своето мислење за инвестициите планирани во една од земјите-членки.
Комесарот за трговија на ЕУ, Валдис Домбровскис, рече дека економската отвореност на Унијата повеќе нема да биде безусловна.