Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Влада доби леб и фискална сметка од новинар. Ова го направи со цел да му покаже на премиерот дека не се намалени цените на дел од основните прехранбени производи.
Новинарот изјави лебот го купил 10 минути пред да почне пресот и додаде дека цената на лебот не е воопшто намалена во однос од пред еден месец.
Премиерот го зеде лебот од новинарот и одговори дека ја знае цената бидејќи го купува истиот леб.
Владата во неколку наварти најави дека од 1 декември ќе има намалување до 10 отсто.