Педесет и седум километри долгиот автопат во вредност од над 600 милиони евра е почнат во 2014 година

Новиот Буџет на Министерството за транспорт и врски за 2023 година изнесува околу 324 милиони евра што е за 135 проценти зголемување од оваа година, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

За следната година, како што најави премиерот, за Министерството за транспорти врски има развоен буџет со крупни инфрастурктурни капитални пректи кои значат поттикнување економски раст.

Буџетската каса, информира Ковачевски, е проектирана за реализирање на крупни капитални проекти како што се изградба на автопатот на Коридор 8 и Коридор 10 Д, изградба на железница на Коридор 8, изградба и санација на локални патишта во општините, гасификација, изградба и реконстуркција на водоводни и канализациони мрежи, субвенции за нови авиолинии, како и подобрување на транспортот на граничните премини.