Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека новиот пакет антикризни мерки може да се очекува кон средината или кон крајот на идната недела и откако ќе бидат одобрени ќе почнат да се применуваат веднаш. Во однос на Законот за нефер трговски практики Бектеши изјави дека веќе се пристигнати сите забелешки и коментари од засегнатите страни.Додаде дека се очекува идната недела да биде усвоен од Владата, а потоа и да биде доставен до Собранието..
Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Бектеши најави дека оваа недела, во координација со претставници од надлежните институции ќе бидат разгледани сите забелешки и коментари, за да се вградат во драфт верзијата на законот.