Денеска ќе биде претставен пред италијанските инвеститори новиот пакет финансиски мерки на Владата за поддршка на стопанството
На средбата со италијанските инвеститори во Стопанската комора на Македонија ќе присуствува министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска.
Комората го организира настанот во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје ,„Конфиндустрија – Македонија“ и Канцеларијата на ИЧЕ – Скопје.
Собранието на РМ минатата недела го изгласа новиот Закон за финансиска поддршка на инвестициите. Законот се потпира на три главни столба мерки за поддршка на нови гринфилд инвестиции и подобрување на конкурентноста на економските субјекти, мерки за поддршка на извозот, и мерки за поддршка на малите и средни претпријатија.
Мерките за финансиска поддршка може да ги користат сите економски субјекти регистрирани во Република Македонија, без оглед на потеклото на капиталот, странски или домашен