Најновите предлози од Брисел предвидуваат државите членки во наредните седум години во буџетот на ЕУ да уплаќаат околу 1,075 проценти од својот брутодомашен производ, врз база на остварениот БДП во 2018 година.

Германија треба да го разгледа зголемувањето на нејзиниот придонес за буџетот за Европската Унија за 42 отсто, или 13 милијарди евра. Ваквиот предлог доаѓа од Брисел а се однесува за следната година, пишува „Велт“.

Според „Велт“, најновите предлози од Брисел предвидуваат државите членки во наредните седум години во буџетот на ЕУ да уплаќаат околу 1,075 проценти од својот брутодомашен производ, врз база на остварениот БДП во 2018 година, што на буџетот му дава вкупен обем од 1,1 билион евра, пренесува „Ројтерс“.

Лидерите на ЕУ треба да одржат во петок онлајн состанок на кој ќе разговараат за буџетот 2021 – 2027, неречен повеќегодишна финансиска рамка, како и за планираниот фонд за економско опоравување од кризата предизвикана од корона вирусот.

Портпаролот на германската влада не ги коментираше наводите на „Велт“ прашан за овие текови од страна на британската агенција.