Казните надминуваат 100% од приходите што концерните ќе ги оствари од продажба на нови автомобили

Доаѓаат тешки времиња за производителите на автомобили во Европа од 1 јануари 2020 година. Новите еколошки стандарди стапуваат во сила, со огромни казни за оние што нема да се придржуваат кон нив. Тие можат да достигнат вкупно до 32 милијарди евра, надминувајќи ги 100% приходите што компаниите ќе ги генерираат од продажба на нови автомобили.

Според новиот стандард, моделите изработени од ЕУ мора да емитуваат до 95 грама на километар (g / km) јаглерод диоксид, принудувајќи ги производителите да го забрзаат развојот на нови технологии и да се фокусираат на електрификација на нивните возила. Сепак, ова има огромно негативно влијание, бидејќи овие случувања чинат многу пари. Според тоа, за да се обезбеди усогласеност со регулативата, потребно е намалување на трошоците.

Ова, пак, се прави претежно со елиминирање на работните места. Ауди, на пример, веќе објави дека ќе отпушти околу 9500 луѓе. Даимлер и Нисан исто така имаат слични намери.

Некои земји од ЕУ се обидуваат да ја зголемат мотивацијата за возачите да се префрлат на електрични возила. Германија се подготвува да ги удвои субвенциите, но бројот на електрични возила сè уште е недоволен за исполнување на новите еколошки стандарди.

Според автомобилските аналитичари, во 2025 година бројот на електрични возила ќе изнесува околу 10,2% од вкупниот пазар. По уште 5 години ќе се зголеми на 20%. Некои земји веќе објавија дека ќе забранат модели со мотори со внатрешно согорување, и тоа ќе стапи на сила од 2040 година.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк