Врвно дигитално и уникатно задоволство нуди новата услуга на Комерцијална банка со која клиентот лесно и едноставно и без посета на шалтер добива платежна сметка, Интернет банка и дебитна картичка. Со ова Банката овозможува уште поедноставни и онлајн лесно достапни банкарски производи и услуги благодарение на електронската идентификација преку OneID.
Комерцијална банка со новата дигитална услуга прва на пазарот овозможува пристап за секој граѓанин од удобноста на домот или работното место до основните и најпотребните банкарски производи. А, со платежна сметка, дебитна картичка и Интернет банка, потоа секој граѓанин влегува во светот на неограничени можности достапни преку дигиталното банкарство на најголемата банка во земјава.
Со едноставна постапка преку apliciraj.kb.mk сега секој граѓанин може да отвори платежна сметка во Комерцијална банка, да аплицира за дебитна картичка и да стане дел од големото семејство клиенти кои секојдневно ги уживаат привилегиите на модерното банкарство.
„Новата дигитална услуга нѐ прави особено горди затоа што на клиентите им овозможивме пристап до целото портфолио на производи и услуги на Комерцијална банка од кое било место на планетата, 24 часа во денот, 365 дена во годината. На тој начин им помагаме да го заштедат најдрагоцениот ресурс на современото живеење, а тоа е личното време и, што е најважно, секогаш да бидат први во редот“, изјави Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка АД Скопје.
Банката како докажан врвен иноватор им го понуди на клиентите новото и модерно дигитално искуство благодарение на практичната интегрирана примена на дигиталниот идентитет во банкарските услуги, услуга која прва во земјава ја воведе повторно Комерцијална банка. Банката е пионер во земјава и со електронското банкарство, кое го воведе уште во 2003 година и постојано го развива согласно трендовите на пазарот и потребите на клиентите.
Преку услугата OneID, развиена од Некстсенс и КИБС, Банката веќе им овозможи на клиентите привилегии за врвно корисничко задоволство, како што се ажурирање лични податоци и активирање Интернет банка онлајн.
Со новата дигитална услуга Комерцијална банка е уште еден чекор поблиску до својата цел да стане првата целосно дигитална банка во земјата. Континуираната посветеност на инвестиции и развој на нови современи дигитални алатки и грижата за задоволството на клиентите се клучните фактори што забрзано ја движат Банката кон оваа цел.
Повеќе информации за услугата се достапни на следниот линк.