Од полноќ цените на бензините одат нагоре за денар, најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…
Од полноќ цените на бензините одат нагоре за денар. Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 82,5 денари за литар, два денари поскап ЕУРОСУПЕР БС-98. Цените на дизелот и на екстра лесното не се менуваат, а мазутот поевтинува.
Дизелот ќе продолжи да се продава за 72,5 денари за литар. Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати за зголемуваат за 0,34 проценти.