Државата ќе се задолжи со нов кредит од 420 милиони долари од Светска банка, со цел да се забрза екононскиот раст. Парите се дел од рамката за партнерство на банката со земјава за периодот до 2023 година. Овие пари се веќе влезени во пресметките за движење на долгот. Според фискалната стратегија до 2022 година, долгот догодина ќе стигне до 52,3%, а во 2022 ќе се намали на 49,1%. Новите кредити се со поволна камата.
Првиот проект од рамката за кој денеска беше потпишан договор се однесува на поддршка на производтсвениот сектор. Со овие 420 милиони евра предвидено е да се финансираат прокети за зголемување на конкурентноста на макеоднските компании, за олеснување на трговијата во регионот, за изгрдба на локални патишта, за подобрување на условите за децата, како и за натамошно намалување на невработеноста.
„Каматната стапка ќе се определува при влечењето на средствата. Од сегашен агол би била еден процент, тоа е исклучително поволно ако се гледаат каматните стапки по кои биле земени кредити во некои минати периоди. И се е вградено во фискалната стратегија“, вели министерот за финансии Тевдовски.
„Градење на поотпорно и подобро образовано работно наеселение ќе се одрази и на пазарот на работна сила. Гледаме дека растот што го остварува Северна Македонија забрзува, гледаме дека невработеноста полека се намалува. Има засилено учество на пазарот на работна сила. Така што овој столб опфаќа инвестиции во младите и намалување на ризиците на ранливите групи, како и отворање на работни места за иднината и внесување на заинтересираните продуктивни работници во процесот“, вели Сирил Милер, потпретседател на Светска банка.
Со планираните 420 милиони долари треба да се финансираат проекти за поддршка на производството, олеснување на трговијата во регионот, за изградба на локални патишта, подобрување на условите во градинките како стартна основа за подобро образование, но и за натамошно намалување на невработеноста.
Викендов земјава е домаќин на еден од најголемите финиснасиски настани. Во Скопје ќе се одржи конституенцата на Светската банка. Ќе присуствуваат тројца потпретседатели на банката и високи претставници на централни банки и финансиски институции од 15 земји членки на белгиско – холандската конституенца.