Министерството за финансии за наредната недела закажа нова аукција на хартии од вредност со која ќе повлече нови 900 милиони денари односно околу 15 милиони евра.

Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар.

Она што е посебно загрижувачки е зголемувањето на долгот на државата кој според проценките на повеќе светски реномирани институции се очекува да надмине над 50 % од бруто-домашниот производ (БДП) што е непожелна состојба за економија со мал раст како нашата.

Истовремено, реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.