За денеска е планирана нова аукција на државни хартии од вредност стои на официјалната интернет страна на Министерството за финансии.
Министерството за финансии ќе се задолжува за вкупно 5.725.000.000 денари или вкупно 93 милиони евра.
Ова е трето задолжување во рок од три недели, откако претходната недела државата се задолжи 56 милиони евра, а пред тоа 33 милиони евра.
Планирана е аукција на 3 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1.000.000.000 денари потоа 2 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 600.000.000 денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 4.125.000.000 денари.
Само од почетокот на оваа година вклучително и задолжувањето закажано за утре владата ја задолжи Македонија и нејзините граѓани за огромни 818 милиони евра.
Владата на Република Македонија и Министерството за финансии вртоглаво се задолжуваат, владата ги задолжи македонските граѓани за 1,5 милијарди евра и тој долг непрекинато расте.
Експертите велат дека со вакво прогресивно темпо на задолжување при отсуство на капитални и развојни инвестиции кои би значеле поврат на парите и долгорочен бенефит за државата економијата ќе доживее колапс.