По повод Новогодишните празници, Комерцијална банка АД Скопје по 13-ти пат организираше средба и донација за децата и за семејствата на загинатите кај месноста Карпалак. Средбата се одржа во просториите на Здружението на резервни воени обврзници – учесници на настаните од 2001 година од Прилеп.
За децата на загинатите бранители Банката обезбеди средства во висина од 5.000 денари за секое дете и ги уплати на нивните трансакциски сметки. Во име на Банката на средбата присуствуваше претставник на Комерцијална од Филијалата Прилеп, кој ги поздрави децата и семејствата на загинатите бранители.