Хотел ,,Силекс” од Охрид и оваа година широко ги отвори вратите за Охридските ракотворци кој своите уникатни производи ќе имаат можност да ги презентираат и понудат за продажба на странските туристи кој за време на nовогодишните празници ќе престојуваат на Охридското крајбрежје.
На Новогодишниот базар ќе учествуваат 15 уметници – ракотворци со најразлични производи од кожа, волна, стакло, бакар, бисер и од други природни материјали. Мината година овој базар се одржа за прв пат и се покажа како успешен.
Оваа година во рамки на Новогодишниот базар, хотел,, Силекс” организира и дополнителна програмска содржина за најмладите, а тоа е куклената претстава ,, Новогодишен подарок” проект на куклениот театар што работи во рамки на здружението ,,Тактус” и Музичкото катче од Охрид.
Влезот за претставата е бесплатен, подарок за сите дечиња кој имаат желба да уживаат во предновогодишната ноќ во прекрасниот амбиент на хотел,, Силекс”.
– Новогодишниот базар значи промоција пред странските туристи на Охридски производи, значи продажба на автентични сувенири, го збогатува целокупниот празничен амбиент на хотелот и воедно ги анимира гостите од хотелот и сите други гости кој престојуваат во околните хотели. За време на базарот оваа година одлучивме да организираме забава за нашите најмлади гости, куклена театарска претстава а и за сите дечиња од градот кој со своите родители ќе го посетат базарот на 30 Декември во 18,00 часот- изјави Јован Китрозоски од секторот за маркетинг на хотел,, Силекс”.
Со ваквата понуда овој хотелски бренд само ги потврдува своите вложувања и залагања во креирањето на нови туристички производи и несекојдневни понуди..