Ангеловска: Следниот месец започнува наградната игра МојДДВ#МојаНаграда

2019-11-29 20:00

Наградната игра МојДДВ#МојаНаграда ќе започне во текот на следниот месец и наградниот фонд е половина милион евра, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Таа посочи дека #МојаНаграда претставува надградување на успешната мерка МојДДВ, како и дека...

Пензионерите наредната година во просек ќе добијат по 10.000 денари годишно

2019-11-29 19:00

„Ако останевме на стариот модел од претходната влада, пензионерите ќе добиеја зголемување од 400 денари, а ние в година ќе даваме околу 10.000 денари повеќе или речиси 850 денари месечно“, премиерот Заев ги објасни пред претставниците на здруженијата на пензионерите мерките за поголеми пензии...

Расте членството во приватните пензиски фондови-задолжителните имаат 505.000, доброволните речиси 25.000 членови

2019-11-29 18:00

Бројот на членови кои издвојуваат средства во пензиските фондови со кои управуваат пензиските друштва во рамките на вториот и третиот пензиски столб е во постојан пораст. Според последните податоци од Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС), на крајот на октомври 2019...

Во октомври просечната камата на кредитите 5,05 %, на депозитите 1,28 %

2019-11-29 17:49

Во октомври годинава продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на ниво од 5,05 проценти, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,28 проценти, покажуваат податоците на НБ. Во споредба со минатиот месец, каматната стапка...

„Икеа“ вложува 200 милиони евра во борбата против климатските промени

2019-11-29 16:00

Компанијата „Икеа“ објави дека ќе инвестира речиси 200 милиони евра за поддршка на своите доставувачи да преминат кон обновливи извори на енергија. Еден од најголемите производители на мебел во светот исто така планира да вложи околу 100 милиони евра во проект што ќе го...

До крајот на 2020 Македонија ќе биде масовно дигитализирана

2019-11-29 15:00

Фокусот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) следната година ќе биде во дигиталната трансформација на административните процеси и услуги, преку што ги спојуваме најважните процеси: реформата на јавната администрација и дигитализацијата,  најави ресорниот министер Дамјан Манчевски Тој вчера го претстави Предлог буџетот...

Заев: За четири месеци 70 милиони евра поголема наплата само од ДДВ

2019-11-29 14:00

Претседателот на владата, Зоран Заев, вчера во Собранието одговараше на пратенички прашања. Меѓу другото, тој ги бранеше економските мерки, нагласувајќи дека владата ќе продолжи со успешното спроведување на мерките. -Во јули имаме зголемен прилив на средства од Данокот на додадена вредност (ДДВ) за 15...

Велика Британија има особено екстремна форма на капитализам

2019-11-29 13:00

Капитализмот во Велика Британија е еден од најекстремните во светот, итно е да се преиспита улогата на компаниите во општеството и да се разгледаат промените во структурата на сопственоста, рече професорот Колин Мајер, автор на извештајот на британската академија за иднината на корпорациите. Поради...

Централна и Источна Европа рај за Lidl

2019-11-29 12:00

„Лидл“ остварува огромни профити на своите пазари во Централна и Источна Европа, се вели во извештајот на „ЛЗ Рејтлитик“. Добивката на Лидл во нивниот бизнис во „Источна Европа“ се проценува дека двојно се зголеми во последните години. Според овој извештај, Лидл оствари 723 милиони...

Изненадувачки, но зачестуваат кражбите на криптовалути ?

2019-11-29 11:00

Во првите девет месеци од 2019 година загубите од кражби на криптовалути значително се зголемија во однос на минатата година, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на податоци на „CipherTrace“. Загубите од криминал со криптовалути се проценуваат на 4,4 милијарди американски долари меѓу јануари и септември....