Дарежливост за инвестиции и добри проекти, скржавост за непродуктивни трошења!

2019-09-03 13:00

Во интервју за МИА, прво по нејзиниот избор за министер за финансии, Ангеловска нагласува дека нејзините препознаени  капацитети, знаење и досегашниот труд ќе бидат ставени во функција на државата. – Сите сакаме промени од една страна, но промените не се лесни, а уште помалку...

НЛБ Банка со намалени каматни стапки и нова промотивна кампања за кредитите за физички лица

2019-09-03 12:00

НЛБ Банка во периодот од 01.09.2019 до 31.10.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда Банката нуди нови потрошувачки и хипотекарни кредити со пониски каматни стапки, без трошоци за одобрување. Каматните стапки на НЛБ Кредитите се...

Гувернерката: Со овозможувањето за отварање сметки кај странски сервиси се зголемува е-трговијатаа

2019-09-03 11:00

Со овозможувањето нашите резиденти да отвораат сметки кај странските електронски сервиси за трансакции за комерцијални цели се поттикнува електронската трговија. Особено важно е што со тоа се поттикнува можност нашите компании понатаму своите стоки и услуги да ги продаваат и на овој начин, што...

НБРМ: Што треба да знаете за дебитните картички?

2019-09-03 10:00

Платежните картички се стандарден финансиски производ и еден од основните инструменти за безготовинско плаќање, со широка употреба низ светот. Главната предност на платежните картички е брзината на извршување на трансакциите, без потреба од држење готовина, како и нивната широка прифатеност низ продажните места, како...

Отворен првиот центар на стартап заедницата во Скопје – MKstartups Space

2019-09-03 09:00

Македонската стартап заедница доби свој центар MKstartups Spaceнаменет за настани, вмрежување и едукација на иновативните претприемачи. Центарот се наоѓа во Скопје на локација кај автобуската станица Рекорд, и е под водство на Асоцијацијата Стартап Македонија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој. „Сега...

Од денес нови цени на горивата

2019-09-03 08:00

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 26.08.2019 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит....

ЕЦБ: Кредитите за домаќинства во еврозоната пораснаа најмногу од крајот на кризата во 2009 година

2019-08-30 14:00

Кредитите за домаќинства во еврозоната се зголемија за 3,4 проценти во однос на минатата година, највисок пораст од кризата од 2009 година. Во претходниот месец, тие пораснаа за 3,3 проценти, покажуваат податоците на Европската централна банка. Кредитите на компаниите се зголемија за 3,9 проценти...

Турската банка Ziraat Bankasi отвори 101-та филијала во светот

2019-08-30 12:00

Турската државна банка Ziraat Bankasi го достигна бројот на 101 филијала низ светот во 18 земји, објави банката во средата. „Подружница на Зират во Казахстан, Зират Интернешнл, отвори шеста филијала во таа земја и друга во југоисточниот град Алмати“, се вели во изјавата на...

Швајцарската централна банка го спречува зајакнувањето на франкот

2019-08-30 11:00

Швајцарската централна банка (СНБ) мора да опстојува во експанзивната монетарна политика за да се спротивстави на побарувачката за франк, што инвеститорите ја гледаат како сигурна инвестиција во време на зголемена глобална неизвесност, рече членот на Управниот одбор на СНБ, Андреа Махлер. СНБ е подготвена...

Извршен директор на Ерсте банка: Ниските каматни стапки ќе останат уште 10 до 15 години

2019-08-30 10:00

Ерата на ниска каматна стапка во Европа, која е скоро десетина години, ќе продолжи уште долго време, според извршниот директор на Ерсте банка, Андреас Трајхл. Ова ќе продолжи „во следните 10 до 15 години“, изјави банкарот пред економските разговори на Форумот Алпабах. Политиката на...