2024-01-18 11:30
Берзанските движења и показатели се променливи, но и на тој терен има константи. Во случајот со Македонска берза тоа се акциите на Комерцијална банка и на „Алкалоид“, кои се најтргувани, не само според минатогодишната статистика, туку во подолг временски период. Најатрактивната за инвеститорите, акцијата...2024-01-18 11:00
2024 година веројатно ќе биде бурна за глобалната економија бидејќи растот се забавува и геополитичките тензии растат ширум светот, покажува истражувањето на Светскиот економски форум (СЕФ). Фондацијата анкетираше повеќе од 60 водечки економисти пред нејзиниот годишен состанок, кој се одржува оваа недела во швајцарскиот...2024-01-18 10:25
Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01.2023 – 31.12.2023 година вкупниот промет изнесувал 4.617.690.497 денари и е намален за 37,97 отсто во однос на претходната година. Класичното тргување изнесувало 2.890.397.724 денари и е намалено во однос на претходната година за 37,61 отсто кога изнесувало 4.632.839.043 денари. Во класичното тргување истргувани...2024-01-17 18:00
Инфлацијата во Европската унија значително забрзала во декември, по посилниот раст на цените во еврозоната, објави Eurostat. На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација, мерена преку хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), кој овозможува споредба меѓу земјите-членки, во декември се зголемиl на 3,4...2024-01-17 17:00
Македонија ја заврши ланската година со годишна инфлација од 9,4 отсто. Трошоците на живот лани во споредба со 2022 година биле зголемени за 9,4 проценти, а цените на мало за 7 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Најмногу поскапеле храната, угостителските услуги, мебелот,...2024-01-17 15:30
Незадоволни од декемвриската заработувачка, повеќето работници од првата смена на фабриката „Горење“ во Ваљево го прекинале производствениот процес на еден час, потврди за Н1, Марина Павловиќ од синдикатот Независност „Горење“. Прекинот на работа, вели таа, бил спонтан и без учество на синдикатот. Павловиќ вели...2024-01-17 15:00
Новата правна рамка за платните системи и платежните услуги, поради високата усогласеност со правото на Европската Унија, носи можности за забрзана интеграција на земјата во Единствената европска платежна област (СЕПА) и поврзување со платежната инфраструктура во ЕУ за побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните...2024-01-17 14:30
Во нетрговски трансфери минатата недела сопственоста е пренесена кај 3.994 обични акции на котирани друштва, покажуваат податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност што ги објавува Македонска берза. Резултатот е постигнат во скратена работна седмица, односно во текот на три дена. Најголем дел...2024-01-17 14:00
Светските цени на нафтата паднаа бидејќи зајакнувањето на американскиот долар ја ограничи побарувачката за овој енергетски производ, а европските и американските берзански индекси се главно намалени. Доларот зајакна откако еден од претставниците на американската централна банка FED изјави дека не треба да очекуваме драстично...2024-01-17 13:30
Атрактивноста на локациите за градење станбени објекти и можноста за продавање на становите во Скопје опаѓа, а е забележан и пад на кириите во главниот град. Наспроти ова, расте интересот за градење во внатрешноста на земјата. Интензитетот за градба на станбени објекти од Скопје...