Битиќи: Треба да се сменат седум закони за да се намалат платите на функционерите?

2023-11-03 14:00

Не може со еден закон да се адресираат сите 1.260 функционери, потребни се седум законски измени, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, прашан дали ставката за платите на функционерите е опфатена со буџетот. „Измената во еден закон значи дерогирање на одредени права од друг...

НБ: Банките се обврзани да ги информираат граѓаните за надоместоците за платежните услуги

2023-11-03 13:18

Преку информативен документ за надоместоците за платежни услуги, со податоци во стандардизирана форма, банките и штедилниците, односно сите даватели на платежните услуги, се должни да ги информираат граѓаните за трошоците коишто им ги наплаќаат. Ова е пропишано со новиот Закон за платежни услуги и...

Хрватите ќе може да ги заменат останатите куни и по 1 јануари 2024 година

2023-11-03 13:00

Хрватската народна банка (ЦНБ) во четвртокот потсети дека рокот за размена на куни во евра во филијалите на банките, Хрватска пошта и Фина истекува на 1 јануари 2024 година, а од следната година размената ќе биде можна само во ЦНБ. ЦНБ трајно ќе разменува...

ЕУ грантови за земјоделски задруги

2023-11-03 12:00

Објавен е повик за доделување на грантови за земјоделски задруги. Корисници на парите треба да бидат регистрирани и со седиште во Североисточниот, Северозападниот, Југозападниот и Преспанскиот регион. Висината на одобрениот грант е најмногу до 37.000, а за целиот проект, поддржан од европската ИПА програма...

Тодориќ покрена тужба – ако успее, Хрватска ќе треба да му исплати 7 милијарди евра

2023-11-03 11:31

Меѓународниот Центар за решавање на инвестициски спорови во Вашингтон ја прифати тужбата на Ивица Тодориќ против Република Хрватска, а како што дознава Индекс, доколку Хрватска го загуби тој спор, на Тодориќ би можела да му плати од 7 до 8 милијарди евра. Во тој случај парите...

Банката на Англија ја задржа основната каматна стапка

2023-11-03 11:30

Креаторите на политиката на Банката на Англија одлучија да ја задржат својата основна каматна стапка непроменета во четвртокот, но најавија дека не очекуваат ублажување на политиката во скоро време. Одлуката за задржување на референтната каматна стапка на 5,25 отсто ја поддржаа шест членови на...

Бесими: Со буџетот за 2024 година не се предвидени нови даноци и давачки

2023-11-03 11:00

Во буџетските проекции за 2024 година не се предвидуваат нови, дополнителни даноци, ниту зголемувања на давачките, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Како што информира на средба со новинарите, предлог-буџетот се финализира и треба да биде доставен во Собранието до средината на ноември....

Основачот на крипто-берзата ФТХ, Сем Бенкман-Фрид осуден за тешка измама и перење пари

2023-11-03 10:31

Основачот на сега банкротираната крипто берза ФТХ, Сем Бенкман-Фрид е прогласен за виновен за тешка измама и перење пари на милијарди долари на клиентите на неговата криптоберза. 31-годишниот Бенкман-Фрид може да биде осуден на повеќе од 100 години затвор. Поротата на Менхетен го осуди...

Цените на прехранбените продукти во ЕУ продолжија да растат и оваа година

2023-11-03 10:00

По значителните поскапувања во текот 2022 година, цените на прехранбените продукти во ЕУ продолжија да растат и оваа година, при што нивниот раст забави во текот на вториот и третиот квартал, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат. Како што јави дописникот на...

Нов раст на Волстрит, каматните стапки остануваат непроменети

2023-11-03 09:53

На Волстрит, S&P 500 порасна четврти ден по ред, најмногу од април, бидејќи инвеститорите веруваат дека циклусот на зголемување на каматите на ФЕД е завршен. Dow Jones зајакна 1,70 отсто, на 33.839 поени, додека S&P 500 скокна за 1,89 отсто, на 4.317 поени, а...