Во јуни раст на индустриското производство од 3,7%

2023-08-01 15:00

Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани е зголемено за 3,7 отсто, додека во периодот јануари – јуни 2023 година, споредено со истиот период од минатата година бележи пораст од 1,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори,...

По хаваријата на „Макарија“, земјоделците од Росоман и Градско ќе бидат обесштетени

2023-08-01 14:00

Земјоделците од регионот на Росоман и Градско кои претрпеа штети од хаваријата до повторното пуштање вода низ на цевководот „Макарија“, ќе бидат обесштетени преку Интервентниот фонд, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Постапката, како што истакна Николовски, ја води општината....

Николовски: Од Брисел се очекува финансиската спогодба за ИПАРД 3, веднаш потоа први во регионот ќе почнеме со реализиација

2023-08-01 13:00

Следните неколку дена се очекува Брисел да ја испрати финансиската спогодба за ИПАРД 3 Програмата во која ќе биде точно наведен буџетот за земјава по години и мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николвски.   Веднаш потоа, како што нагласи,...

Оригиналниот „Битолино“ со поддршка од Комерцијална Банка подготвен за нова детска театарска магија

2023-08-01 12:30

Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ е уникатен настан со непроценлива уметничка вредност, реализирана и презентирана преку детската магија и совршеност. Препознавајќи ги оригиналноста и значењето на фестивалот, Комерцијална банка е горд поддржувач и на 12-то издание на „Битолино“. Годинава, Битола повторно ќе биде местото...

Кина за прв пат во историјата направи повеќе трансакции во јуани отколку во американски долари

2023-08-01 12:18

Во вториот квартал од оваа година, за прв пат во својата историја, Народна Република Кина оствари повеќе странски трансакции во јуани отколку во американски долари. Во последниот квартал, Народна Република Кина за прв пат во својата историја направила повеќе странски трансакции во сопствената валута,...

Во Србија 11% од граѓаните немаат банкарска сметка!

2023-08-01 12:00

Според податоците на Светска банка, околу 11 отсто од населението во Србија нема пристап до банкарски услуги. Овие луѓе би биле изложени на висок ризик од економско и социјално исклучување во случај на брза транзиција кон економија без готовина, предупредува истражувањето. Во споредба со...

Девизните резерви во јуни достигнаа 4,19 милијарди евра

2023-08-01 10:00

На крајот на јуни, официјалните девизни резерви изнесуваат 4,19 милијарди евра, објави Народната банка. Во однос на претходниот месец, тие бележат зголемување за 15 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (65,9 проценти), по што следуваат валутите и...

Николовски ќе ги додели договорите за финансиска поддршка на мали дестилерии

2023-08-01 09:04

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе бидат доделени договорите за финансиска поддршка на мали дестилерии. Како што информираат од МЗШВ, договорите ќе ги додели министерот Љупчо Николовски.

Споредбите меѓу хрватскиот и албанскиот туризам се бесмислени и глупави

2023-07-31 22:00

И покрај тоа, многумина се обидуваат да го глорифицираат албанскиот туризам и да го опсипуваат со комплименти, а во исто време го омаловажуваат туризмот на Хрватска, ваквите споредби се бесмислени, анализира Индекс.хр. Секако, има многу простор за подобрување на понудата, структурата, видот, квалитетот и...

На германскиот пазар нема поевтин мал автомобил од 10.000 евра

2023-07-31 21:00

На пазарот на нови автомобили во Германија има недостиг од помали возила со поволни цени, кој е зголемен поради слабата понуда. „Порастот на цените на автомобилите и прекинот на производството на многу помали модели влијаат на недостигот на достапни автомобили на пазарот“, објави германскиот...