Девизните резерви на крајот на март 4,78 милијарди евра

2025-04-08 10:00

Девизните резерви на крајот на март 2025 година изнесувале 4.788,1 милион евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (77,0%), по што следуваат монетарното злато (13,4%) и валутите и депозитите (9,6%).

Величковски од Народната банка: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

2025-04-08 09:51

„Влезот во СЕПА (Единствената област за плаќања во евра) ќе овозможи побрзи и поевтини плаќања во двете насоки, како за одливи, така и за приливи. Притоа, Народната банка веќе презема активности за олеснување на извршувањето и на приливните плаќања, вклучувајќи ги и приливите врз...

Европски производители на кафе под притисок: Aмерикански царини ја загрозуваат индустријата

2025-04-08 09:00

Европските компании кои произведуваат кафе се загрижени дека би можеле да бидат следната цел на новите американски давачки, што би резултирало со дополнителен пораст на цените на овој производ, кои веќе се на рекордно високо ниво. Италијанската фирма Illycaffè објави дека ја разгледува можноста...

Што се случи вчера на Волстрит? „Лекот на Трамп е полош од болеста“

2025-04-08 08:52

Вчера на Волстрит, Dow Jones и S&P 500 индексот благо паднаа, додека Nasdaq порасна, по многу неизвесното тргување бидејќи инвеститорите стравуваат од понатамошна ескалација на тарифната војна и рецесија. Индексот Dow Jones падна за 0,90 отсто, на 37.965 поени, а S&P 500 за 0,23...

„Банко Сантандер“ стана првата банка во ЕУ чија вредност надмина 100 милијарди евра

2025-04-07 21:00

Шпанската финансиска институција „Банко Сантандер“ стана првата банка во Европската Унија чија вредност надмина 100 милијарди евра. Акциите на шпанскиот кредитор пораснаа за 1,8 отсто на 6,62 евра минатата недела, зголемувајќи ја нејзината пазарна капитализација на 100,3 милијарди евра, пишува Блумберг. Акциите на Сантандер...

Германската економија стагнира, царините на Трамп го бришат оптимизмот за раст

2025-04-07 20:00

Германската индустрија не заживеа ниту во февруари, покажуваат новите статистички податоци. Во исто време, царинскиот конфликт со САД веројатно ќе ги засени изгледите за неизбежно закрепнување. Обемот на нарачки стагнираше во февруари, спротивно на очекувањата на економистите и прогнозата дека ќе порасне за 3,4...

Москва се искачи на второто место во светот според бројот на милијардери кои живеат во градот

2025-04-07 19:00

Магазинот „Форбс“ го објави својата најнова ранг листа на градови со најмногу милијардери во 2025 година. На таа листа, главниот град на Русија, Москва се искачи на второто место во светот по бројот на милијардери, веднаш зад Њујорк. Според магазинот „Форбс“, во руската престолниба...

Метеорски пад на биткоинот и криптовалутите

2025-04-07 18:00

Вредноста на биткоинот и другите големи криптовалути се намали за 1.300 милијарди долари како последица на тарифите што Доналд Трамп му ги воведе на светот. Биткоинот падна под 75.000 долари, повеќе од 15% во споредба со вредноста пред една недела. Етереум, XRP и доџкоинот изгубија...

Дурмиши: Мерките даваат резултат, цените на прехранбените производи се стабилизираат, инфлацијата намалена за 1,3% на месечно ниво

2025-04-07 17:00

Целта на овие мерки заштита на стандардот на граѓаните, намалување на цените на основните прехранбени производи и стабилизација на инфлацијата. Инфлацијата во март 2025 година споредено со февруари бележи намалување од -1,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објави на Фејсбук министерот за...

Снегот и ниската температура 90% ќе ги оштетат јаболката во Преспа

2025-04-07 16:00

Според Горан Стефановски, раководител на работна единица Ресен што е во состав на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство, над 3000 хектари со јаболкови насади целосно ќе бидат уништени во овој неочекуван студен бран што ја зафати и Преспа. Снегот што синоќа падна...