Министерот за финансии Фатмир Бесими истакна дека со ребалансот на Буџетот ќе се кратат средства за мебел и возила, а ќе се додаваат за електрична енергија и енергенси.
Во гостувањето на ТВ Сител, Бесими, кој учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, истакна дека ребалансот ќе биде доставен до Собранието веројатно до крајот на мај и со него е предвидено линеарно намалување на тековните расходи.
Со ребалансот ќе се сведат на минимум или на нула средствата за возила и за мебел, а ќе се кратат и други ставки, додека кај трошоците за електрична енергија и енергенси ќе се додадат, нагласи министерот.
Според Бесими, со ребалансот веројатно ќе има потреба и за зголемување на дефицитот.