Корисници на помошта за субвенционирање на каматна стапка се физички и правни лица корисници на финансиски средства од ИПАРД 2 програмата.
Агенцијата за финансиска поддршка денес го објави јавниот повик за субвенционирање на каматна стапка, објави директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.
Корисници на помошта за субвенционирање на каматна стапка се физички и правни лица корисници на финансиски средства од ИПАРД 2 програмата.
Помошта е наменета за кредити кои имаат годишна каматна стапка во висина до 8% на годишно ниво, кои се исклучиво пласирани од банки и штедилници со дозвола за работа од Народната банка на Република Северна Македонија за период до 10 години.
Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk