Гасот до домаќинства ќе стигне најрано за 4 години. Владата бара партнер за изградба на дистрибутивната мрежа за пренос на гас, кој како алтернатива за греење се очекува да ги намали сметките за струја до 75%. Концесионерот ќе има обврска за 4 години да изгради најмалку 50% од мрежата во градските општини и 20 отсто во руралните средини. Услов е приклучокот да не биде поскап од 100 евра по домаќинство, поскапо ќе чини адаптацијата на просторот во домот.
Едно четиричлено семејтво кое живее во стан од 85 квадрати , за да го приспособи просторот внатре во домот, односно внатрешната инсталација ќе треба да плати околу 1.500 евра, но може да биде и помалку бидејќи, има голема конкуренција во регионот за таквите апарати. Покрај тоа, има семејства кои веќе имаат парно греење и ќе треба само да го сменат котелот и да купат шпорет и бојлер на гас. , изјави Бајрам Реџепи, директор на Национални енергетски ресурси
Можеби приклучотот ќе биде и бесплатен, а субвенции за граѓаните кои ќе се одлучат да се греат на гас секако дека се предвидени, додава министерот за економија Бектеши
Целата инвестиција се очекува да надмине 300 милиони евра , а постапката ќе се спороведува во 3 фази. Условите кои треба да ги исполни концесионерот се 5 годишно искуство во дистрибуцијата, најмалу 100 илјади корисници приклучени во нивниот систем , најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните 3 години и најмалку 3 милијарди метри кубни дистибуирано гас.
Заинтересираните имаат рок до 9 јуни да се пријават на огласот , а времетраењето на концесискиот договор ќе биде до 35 години.