За прв пат државата ќе дава субвенции за печки на пелети на социјално ранливите семејства. 

Условот за аплицирање е да имаат месечни приходи не поголеми од 500 евра. Државата ќе им врати половина од сумата, но не повеќе од 25 илјади денари.

За оваа намена економија одвои 15 милиони денари. А исто толку средства ќе се делат и по досегашниот принцип „прв дојден прв услужен“.

За поголем опфат на граѓани кои ќе ја искористат мерката, економија годинава го зголеми буџетот за оваа намена, но го намали износот на субвенцијата, со образложение дека цената на печките на пелети е намалена.

Лани одвоени беа 21 милион денари, а се делеа субвенции од 30 илјади денари. Опфатени биле околу 700 семејства.