Првата емисија на зелената обврзница е во износ од 10 милиони евра, а аукцијата ќе се одржи на 3 октомври годинава.
Граѓаните и правните лица кои се заинтересирани да учествуваат на аукцијата може да поднесат барање за учество преку банките. Зелената обврзница нуди каматна стапка од 4,75 проценти годишно.
Обврзници од оваа емисија се со рок на доспевање од две години, односно ќе доспеат на 5 октомври 2025 година.
Каматата ќе биде исплатена на 5 октомври 2024 година за првата година и на 5 октомври 2025 година за втората година, заедно со главницата.