Земјоделците кои сакаат да инвестираат во насади, рибници и спортско –рекреативни активности можат да се јават на огласот кој ќе трае до 13-ти јануари. Понудени се скоро 1.200 хектари во регионот на Свети Николе. Изборот ќе биде по пат на електронско наддавање.
Земјоделците кои сакаат да инвестираат во насади, рибници или спортско-рекреативни активности во руралните средини, можат да аплицираат на огласот кој ќе трае до 13 –ти јануари в година. Парцелите се поголеми од 3 хектари и се наоѓаат во регионот на Свети Николе.
Времетраењето на закупот е од 15 до 70 години во зависност од видот на културата која ќе се одгледува. Право да конкурираат имаат сите домашни физички и правни и странски правни лица.
Правните лица, учесници на огласот се должни да достават бизнис план кој содржи податоци за применета технологија, број на вработени, пазарни аспекти, очекувани производствени и економски резултати и целта за која ќе го користи земјиштето, а физичките лица – програма за користење на парцелата.
Потребна е и банкарска гаранција во висина на понудена деветмесечна закупнина.Почетната цена се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето и се движи од 15 до 120 евра по хектар.
Огласот ќе се спроведе по пат на електронско јавно наддавање, а пријавувањето ќе трае до 13 јануари 2020 година.