
Ако до 2007 година меѓу 100те први компании во светот влегуваа дури 7 германски, според последната анализа годинава за прв пат ниту една германска компанија не влезе во ранг листата на консултантската компанија EY.
Највисоко според ова рангирање котираат компаниите од нафтената индустрија и ИТ секторот.
Меѓу првите 10 се Микрософт, Алфабет, Амазон, Тесла, Мета…
Највредна европска компанија е швајцарската „Нестле“ и го зазема високото 20то место.
Според ревизорските извештаи кон крајот на 2007 година, пред финансиската криза дури 46 европски компании беа рангирани на оваа листа на 100 највредни, а според најновите истражувања остануваат само 16.
Падот на цените на светските берзи предизвикан од руско – украинскиот конфликт, загриженоста од рецесија и растечките каматни стапки ги избришаа големите вредности во првата половина на 2022 година.
Наспроти овој тренд, нафтената и гасната индустрија се искачија меѓу првите, а нивната берзантска вредност порасна за 19 отсто.