По објавата на Трамп дека САД ќе воведат увозни тарифи почнаа да тонат индексите на “Wall Street”.
Поради тоа светските берзи уште вчера беа на црвено откако њујоршката берза го заврши февруари со највисок месечен пад во последните две години.
Дау Џонс по објавувањето на Трамп падна за 1,3 отсто, Стандард енд пур за еден процент и Насдак за еден процент.
Во Европа, германскиот берзански индекс падна за два проценти, францускиот за 1,1 проценти, а британскиот за 0,8 проценти.
Берзите на исток се неуедначени. Јапонскиот индекс падна за 1,6 отсто, хонгконшкиот заврши во плус од 0,6 отсто, додека шангајскиот композитен индекс се зголеми за 0,4 отсто. Јужнокорејската берза е затворена поради празници. Австралискиот индекс падна за 0,7 проценти.
Цените на нафтата продолжија да паѓаат. Според податоците на Блумберг, вредноста на референтната американска нафта падна за 1,17 отсто, на 60,92 долари за барел, додека вредноста на нафтата Брент падна за 1,44 отсто на 63,80 долари за барел.