Крокодилчето Коко, заштитниот лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот организира едукативни и креативни работилници кои ќе им овозможат на децата преку дружење и забава да се стекнат со многу нови знаења.
Таква беше и наградната игра на “Јас цртам Коко ме наградува”.
Изразувајќи ги своите ликовни и творечки афинитети децата заедно со крокодилчето Коко изработија повеќе од 4.000 ликовни творби на тема: штедење и осигурување.
Најдобрите творби Коко ги избра со Ваша помош преку собирање на лајкови на фејсбук страницата на Croatia Осигурување / Живот, па така:
- Прво место и добитник на Ваучер за патување е цртежот со број 3030 „Учиме да пливаме со Коко“ со освоени 175 лајкови;
- Второ место и добитник на вредносен ваучер е цртежот со број 3031 „Крокодилот Коко“ со освоени 62 лајкови;
- Трето место и добитник на вредносен ваучер е цртежот со врој 2726 „Коко во Дизниленд“со освоени 33 лајкови.
Сите цртежи се објавени на фејсбук страницата на Croatia Осигурување / Живот на следниов линк.
Добитниците ќе бидат контактирани за подигнување на своите награди од понеделник (денес) 19.03.2018 година.