Втора година по ред, Охридска банка Сосиете Женерал, организира интензивна летна школа за сите заинтересирани студенти кои се во завршна година на додипломски студии или постдипломски студии, која ќе се одржи во Охрид, од 1 до 27 јули 2018 година.
Биди Банкар е првата и единствена летна школа од овој вид, чиј концепт е интерактивен со практични и тематски предавања кои ќе им помогнат на младите кадри да се стекнат со професионално искуство во различни области и кариерен развој.
Ова се 10-те финалисти кои успешно ги поминаа тестирањата и ќе бидат дел од втората по ред летна школа #БидиБанкар на ОБСГ која почнува на 1-ви јули во Охрид.