Казината и обложувалниците со најновото Законско решение кое било доставено до Македонскиот парламент од страна на Министерството за финансии ќе се дислоцираат на пет километри од градовите.
Казината, автомат клубовите и спортските обложувалници, не само што според предвидените измени ќе мора да се иселат од градовите, туку ќе треба да бидат подготвени за плаќање на драконски казни доколку во нив има малолетници.
Инаку сличен закон за дислокација на неколку километри од градовите и вградување на казината во хотелски објекти со пет ѕвезди беше донесен во Албанија, а започна да функционира уште од јануари.
Кампања на АПИС на неколку интернет портали?
Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа врши рекламна кампања на неколку скопски интернет портали и билборди со која се “едуцираат” граѓаните дека игрите на среќа се 100 проценти законски бизнис и дека во индустријата се вработени околу 7.500 луѓе.