Индустријата која се занимава со организација и одржување игри на среќа ги доживеа можеби најтешките моменти, кога станува збор за управување и одржливост со бизнисот. Ваквата конотација постојано ја повторуваат претставниците на овие компании, а сега преку податоците на платформата за бонитетни податоци на БизнисМрежа.мк ќе ги потврдиме и преку анализа на нивните финансиски извештаи. Во голема мера, сеуште актуелната криза, ги наруши воспоставените релации со играчите, а исто така и некои регулативи се покажаа како препрека за нормализирање на ситуацијата.

Она што е евидентно од прикажаните податоци во долната табела е фактот што целата индустрија доживеала значителни загуби, губење на бизнисот, двократни падови на приходи и трократни падови на добивки. Иако, во политичките кулоари постои недоверба во оправданоста за постоењето на оваа индустрија, сепак природата на луѓето самата креира побарувачка и доколку истото биде нерегулирано загубите би биле уште поголеми и со поголема мера ќе ги нарушат даночните регулативи.

  • Споредено обложувалници со казина, првиот заклучок е дека обложувалниците се соочиле со помал негативен ефект во 2020, во споредба со казината. Имено, процентуалните падови на приходите кај обложувалниците се движат до максимални 25%, додека поедини казина се соочиле со пад од над 50%.
  • И во услови на криза не се забележани значителни промени во редоследот на најдобрите во индустријата. Лидер, повторно е Спорт-Лаив Трејд со вкупни приходи од над 66 милиони ЕУР, додека на дното е Мастер Бет, со остварени приходи од нешто над 12 милиони ЕУР.

  • Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк
  • Најголем удар врз приходите осетил Принцес Хотел и Казино со процентуален пад од 56.67% и со тоа од трета позиција според остварени приходи во 2019, се симна на 7 место. Исто така оваа компанија го бележи и најголемиот пад во апсолутни бројки, со оглед на тоа што разликата во приходи помеѓу двете години изнесува неверојатни 26 милиони ЕУР. На спотивната страна, кризата најблаго ја пребродиле Про-Бетинг со пад од “само” 12.67%.
  • Од аспект на остварените добивки ситуацијата е следна: Само 3 компании успеале да остварат позитивен финансиски резултат. Повторно лидер е Спорт-Лаив Трејд со 2.6 милиони ЕУР добивка, пред Делта Бет со 1 милион ЕУР и Клуб Спорт 77 со минимални 19 илјади ЕУР. Сите други во листата од топ 10 генерирале загуби. Како споредба, во 2019 година само две компании работеле со загуба. Најголеми губитници во борбата со пандемијата се Принцес Хотел и Казино со загуба од 2.7 милиони ЕУР и Сенатор Македонија со 2 милиони ЕУР загуба.
  • Назив Добивка 2020 Добивка 2019 Раст %
    СПОРТ – ЛАИФ ТРЕЈД 2,638,909 4,828,519 -45.35%
    ДЕЛТА БЕТ 1,085,592 1,372,155 -20.88%
    КЛУБ СПОРТ 77 19,155 238,496 -91.97%
    БЕТ ТУ МАР (246,002) 20,994 -100.00%
    ПРО-БЕТИНГ (295,385) (115,679) -155.35%
    ЗЛАТНА КОПАЧКА -ЕДЕН (1,635,123) (419,046) -290.20%
    МАСТЕРБЕТ (1,170,843) 1,608,788 -100.00%
    МА ГАМИНГ (1,172,458) 3,340,725 -100.00%
    СЕНАТОР МАКЕДОНИЈА (2,059,270) 1,235,913 -100.00%
    ПРИНЦЕСС ХОТЕЛ И КАЗИНО (2,760,885) 536,820 -100.00%

    Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк

Ако економската логика вели дека падот на бизнисот ќе се одрази врз пад на бројот на вработени, оваа индустрија покажува дека грижата за вработените останува на високо ниво. Имено, во 2020 година евидентиран е пораст на бројот на вработени дури кај 7 компании.

Назив Вработени 2020 Вработени 2019 Раст %
СПОРТ – ЛАИФ ТРЕЈД 915 916 -0.11%
ДЕЛТА БЕТ 608 588 3.40%
СЕНАТОР МАКЕДОНИЈА 582 585 -0.51%
МА ГАМИНГ 543 446 21.75%
ПРИНЦЕСС ХОТЕЛ И КАЗИНО 493 584 -15.58%
КЛУБ СПОРТ 77 462 438 5.48%
МАСТЕРБЕТ 400 394 1.52%
ЗЛАТНА КОПАЧКА -ЕДЕН 332 292 13.70%
БЕТ ТУ МАР 238 235 1.28%
ПРО-БЕТИНГ 107 103 3.88%

Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк

Податоците на платформата за бонитетни податоци на бизнис мрежа.мк ја даваат сликата за движењето на вкупниот број вработени во анализираните топ 10 компании. Ма Гаминг е компанија која и покрај лошата ситуација за креирање бизнис го зголемила бројот на вработени за 21.7%, што претставува најголем пораст, додека со исто така позитивни бројки се истакнува и Златна Копачка Еден со раст од 13.7%. На другата страна на листата е Принцес Хотел и Казино кои платниот список го намалиле за 91 ставка, односно 91 вработен помалку, со процентуален пад од 15.5%. Според бројот на вработени најголем работодавец е Спорт-Лаив Трејд, каде 2020 година е затворена со 915 вработени.

Едни од основните критериуми за “преживување” во бизнис светот е навременото прилагодување на промените и имплементирање на развиени електронски канали за пренасочување на бизнисот. Целата слика насочува дека македонските компании не беа спремни за вака брзи и неочекувани промени. Од една страна самата организациона поставеност не им беше наклонета, а од друга страна бараните промени во законските регулативи бараат време и ресурси. Дополнителните најавени ограничувања за физичко присуство на вакви објекти до образовни институции ќе биде удар плус за оние кои нема навремено да се прилагодат. На крајот, можеби токму ваквиот чекор назад ќе биде патоказ за идните стратешки цели на сите компании во оваа индустрија.

Редакција Пари