Браната Слатино беше сериозно оштетена и имаше потреба од обемна реконструкција. Со 1,2 мил. евра, ЕУ помогна да се намали потенцијалниот ризик од поплави и да се зголеми отпорот кон идните поплавувања. Таа ги поддржа и услугите за наводнување што браната ги обезбедува за локалното население.
На настанот, што е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“, кој има за цел да ја подигне свесноста и да ја информира јавноста за помошта што Унијата ѝ ја дава на земјата, најавено е присуство на шефот на делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, претставничката на УНДП Нарин Сахакјан, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и градоначалникот на Општина Дебарца, Зоран Ногачески.
Проектот го спроведе УНДП во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
ЕУ им помогна на земјата и нејзините граѓани да ги надминат последиците од поплавите со тоа што обезбеди 10 милиони евра во изминатите две години. Оваа помош од ЕУ беше наменета за приоритетните потреби и помогна да се реконструира транспортната и водната инфраструктура во најпогодените области, во согласност со принципот за одржливост „Повторно изгради подобро“.