Канцеларијата за борба со сериозни финансиски измами ја обвини Барклис банката дека примила незаконска финансиска помош од неколку милијарди фунти.
Ова е ново обвинување за банката во врска со финансиската инекција што ја доби од Катар за време на глобалната финансиска криза во 2008 година.
Во 2008 година Банката Барклис сакајќи да избегне финансиска помош од владата подигнала заем од 12 милијарди фунти од катарската Qatar Holding .Токму ова е причината поради која канцеларијата се сомнева за измама, затоа што смета дека тие пари биле искористени за нелегално купање на акции во банката.
Од банката не даваат информации за што точно ги искористиле тие пари.Ако се утврди дека се работи за имама банката може да ја изгуби линцецата, која ја поседува и која и овозможува да оперира и на странски пазари.