За убиство има застарување, за долговите не. Зошто постои законот со кој застаруваат долговите кога извршителите не го почитуваат – прашуваат граѓанските здруженија и синдикатите. Четири месеци откако стапи во сила, извршителите повторно работат како претходно, а на прсти се бројат пресудите и судиите кои ги испочитувале законските измени.
-Не гледам никаква логика, човечка, морална, правна, етичка, да нема застарувања за побарувањата. Е сега, имаме судска пракса, Апелационите судови во Скопје и Гостивар, донесоа одлука за апсолутна застареноста што е добра судска пракса, вели Ана Глигорова – Здружение „Човекот над профитот“.
Граѓанските здруженија револтирани, бараат обвинителството кривично да ги гони сите кои не го почитуваат законот и најавува протести во декември.
„Спротивно на законот, сега се прашуваме, кого штитат судиите, дали работата по законот? Не работат по законот. Тогаш овие судии треба да одговараат кривично. Имаме на некој начин здруќување, на незаконската работа на судиите и незаконската работа на извршителите, и треба кривично да се реши“ вели Марјан Ненов – Здружение „Но Пасаран“.
Според нив во до државата ништо не ни функционира.
-Немаме возови, здраствените работници штрајкуваат, никакво здраство, нема учебници во образованието. Единствено што функционира се извршителите, адвокатите, нотарите, брзите кредити и финансиски друштва, рече Марјан Ристески – Претседател на КСОМ.