Од извори во Владата Алсат дознава дека најверојатно од 1 јануари следнава година, пензиите за сите корисници ќе се зголемат за 700 денари. Тоа се само два дена пред да почне со работа техничката Влада за договорените предвремени избори во април.
За оваа намена, според пресметките во буџетот за 2020 година, би требало да се обезбедат дополнителни 44 милиони евра на годишно ниво. Оваа сума е иста со онаа за која изминативе четири денови Алсат инсистираше на одговор од Министерството за финансии да објасни за што ќе бидат наменети?
Имено, во драфтот на предлог-буџетот за 2020 година, Владата самоиницијативно ја зголеми ставката за трансфери за пензии, иако самото Министерство за труд и социјална политика бараше зголемување од само околу 18 милиони евра. Со ваквото зголемување на средствата, сега се појаснува за што ќе бидат употребени дополнителните 64 милиони евра плус во споредба со 2019 година.
Извор: Алсат М