Се поизвесно е оти граѓаните од први август ќе плаќаат повисоки сметки за струја. Ако Регулаторна ги прифати барањата на енергетските компании центата на сметка за струја би се зголемила за 5 отсто, односно на сметките од 1 000 денари покачувањето би било за најмногу 50 денари, велат од Регулаторната комисија за енергетика. 

„Компаниите веќе ги доставија своите барања, но тие допрва ќе се разгледуваат. МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос од 143 отсто, Националниот енергетски маркет оператор за организирање и управување на пазарот на електрична енергија побарал зголемување за 45 отсто, а Електродистрибуција зголемување за 0,95 отсто на цената за дистрибуција на електрична енергија.“ – велат од Регулаторна комисија за енергетика.

Сепак конечнотото поскапување на струјата кон фирмите и граѓаните ќе зависи од цената што ќе ја постигне Универзалниот снабдувач ЕВН хоум на тендерот за набавка на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар што треба да го објави во јуни. Оваа година ЕСМ преку тој тенедер снабдувала 70 проценти од вкупната струјата со што влијае со над 40 проценти во сметките за струја. Остнатите 30 процнети ЕВН хоум смее да ги докупи на слободниот пазар. Дополнително поскапување од 1 август е невозможно да се превенира иу зависи од договорот меѓу ЕВН хоум и ЕСМ, бидејќи РКЕ не влијае во тој дел, вели првиот човек на Регулаторна.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска повторија дека до Законодавниот дом ќе предложат намалување на ДДВ за струјата од 18 на 5 проценти.

„Се изработува потребната документција , во текот на наредните 10 дена во координација со пратениците ќе се отпочне координација за поднесување.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство велат предлог за намалување на ДДВ-то на струја, Владата добила од Европската енергетска заедница и РЕК уште минатата година, и истиот се разгледува во рамки на институциите.

„ВМРО-ДПМНЕ, досега ги кочеше сите важни процеси во Собрание и не е чудно да го кочи и ова доколку го поднесе Владата или СДСМ. Сепак многу пред ВМРО-ДПМНЕ се размислуваа за оваа работа и очекувам дека ќе се најде решение.“ – велат од СДСМ.

Крајната цена ќе се знае до крајот на јули, а ќе важи од август. Лани струјата поскапе за 7,4% . Од РЕК информираат дека Македонија има најниска цена на електрична енергија во регионот по Србија и Косово.