Парното греење за жителите на Скопје приклучени на системот на БЕГ, од 1 август поевтинува за 3,1 отсто, Железарското парно на ЕЛЕМ енергетика 1.13, а Скопје Север за симболични 0,76 проценти.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика вели дека новите цени се резултат на пониската маржа односно заработувачката што ќе ја имаат компаниите. Но исто така Регулаторот нема да ги признава високите трошоци и загуби при дистрибуција на топлинската енергија што компаниите ги пријавуваа и кои до сега влегуваа во крајната цена.

 

Исклучените од парно и понатаму ќе плаќаат, но Регулаторната комисија ја намали цената за нив за 8,4 отсто.

Градот Скопје најави дека од следната грејна сезона ќе ја преземе дистрибуцијата на парно, а за таа намена формираше и акционерско друштво. Но Градот се уште не побарал лиценца за работа од регулаторот.