Од 16 март, со Одлука на Влада, се намалуваат цените на макароните, шпагетите и на основните млечни производи, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на прес конференцијата која е во тек.

Цената на макароните и на шпагетите се намалува за 15 проценти од цените што биле во трговијата на мало на 1 март 2023 година.

– Во просек, ова значи намалување на цените од 8 до 9 денари. Од 13 март до 31 мај за нив се укинуваат и царинските давачки – рече премиерот Ковачевски.

За 10 проценти се намалуваат цените на дел од млечните производи, при што се зема предвид нивната цена на 1 март 2023 година. Станува збор за: млеко со масленост 2,8 и 3,2 и 3,5 проценти, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал со исклучок на оној со додатоци и паремзан, кисело млеко, павлака и јогурт без додатоци.

Оваа Одлука ќе се применува од 16 март 2023 до 31 мај 2023 година.

– Владата ќе продолжи да да носи одлуки во интерес на заштита на стандардот на граѓаните – дециден е премиерот.