Кражбите на криптовалути преку хакерство на платформите за крипто тргување резултираше со 927 милиони долари да бидат украдени во првите девет месеци од 2018 година, според извештајот објавен во средата од американската сајбер-безбедносна компанија CipherTrace.
Износот е речиси 250% поголем отколку во 2017 година, кога 266 милиони долари беа украдени од крипто-берзите, како што беше наведено во претходниот извештај на CipherTrace. Сепак, во 2018 година се забележани некои масивни кражби во услови на зголемена трговија на криптовалути и појава на нови дигитални токени. Меѓу најголемите напади се оние на Bithumb, Coincheck, Bancor и, неодамна, јапонската крипто-берза.