Од денеска до 18 април годинава заинтересираните можат да аплицираат за мерката „Кластери за иновативни и меѓународно ориентирани бизниси“ од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година на Министерството за економија. Повеќе податоци за повикот, условите, начинот на аплицирање, критериумите на бодување, како и пропишаните обрасци може да се најдат на веб-страниците www.economy.gov.mk и www.konkurentnost.mk.
– Јавниот повик е веќе објавен, а негов предмет е доделување финасиски средства од страна на Министерството за економија за финансирање на кластерското здружување, за што е обезбеден буџет во износ од пет милиони денари, соопшти Министерството.
Оттаму велат дека на јавниот повик може да се пријават сите регистрирани кластерски здруженија (стопански комори, организации на работодавачи, невладини организации и фондации организирани по принципот на кластеринг).
Како што прецизираат, ќе бидат финансирани проектите на кластерските здруженија кои опфаќаат активности поврзани со изготвување на проекти насочени кон: развој на заеднички услуги на кластерите, набавка на специфична опрема која ќе се користи од членките на кластерите, соработка на кластерите со универзитетите, развој на брендирани производи во рамките на кластерот (географско потекло), изработка или реализација на заеднички иновативни проекти кои се однесуваат на развој на нови или подобрени производи, процеси или услуги, усовршување на кластерите и нивните членки преку организирање на специјализирани обуки, работилници, семинари за поттикнување и размена на знаење, како и промотивни активности за кластерите (заеднички настап на саеми).
– За активностите од оваа мерка делот на трошоците за оваа намена ги надоместува Министерството за економија во висина од 75 отсто од проектот, но не повеќе од еденмилион денари поединечно за секој барател по апликација, додека кластерските здруженија може да поднесат само едно барање од наведените активности, велат од Министерството за економија.
Се очекува, нагласуваат, реализацијата на оваа мерка да придонесе за поттикнување на иновациите и трансфер на технологии кон стопанството и меѓу компаниите, освојување на нови пазари, јакнење на знаењата и вештините за развој на кластерите, зголемување на конкурентноста на македонска економија,.