Коронавирусот ги урна цените на горивата. Од полноќ важат новите цени па така ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 49,50 (денари/литар), ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 52,00 (денари/литар), ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 45,50 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 34,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 18,738 (денари/килограм).
Ова е второ големо намалување откако претходната недела исто така поради пандемијата на коронавирусот цените на горивата беа намалени за неколку денари.