Денеска на пладне Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата. Ќе важат од полноќ, па се до следниот понеделник. Минатата недела надлежната комисија не направи корекција на цените, па горивата се точеа по претходно утврдениот ценовник.