Почнување на сопствен бизнис е се по популарна тема помеѓу младата популација. А приказните за успешните старт ап во различни области се инспирација за многу луѓе да почнат да рзмислуваат за сопствен бизнис или да ја реализираат идејaта која ја имале долго време, но никако да соберат храброст и да запловат во бинзнис светот.
Најпрво на сите што имаат идеја за бизнис им треба план, како својата замисла би ја тестирале а воедно да ги дефинираат целите и начинот на кој тоа и се остварило.
Накратко бизнис планот е метод и алатка која нас ни помага да ја испробаме својата идеја за работа. Според искуство, дури 30 отсто од она што на почетокот сме го планирале ќе се оствари баш онака како што сме замислиле. Све останато ќе се прилагоди на вистинското окружување околу нас и на ситуацијата во која се наоѓаме кога го започнување сопствениот бизнис
Меѓутоа бизнис планот ни овозможува да ја испробаме нашата идеја додека е уште ефтино. Исто така преку бизнис планот можеме да го пратиме развојот на проектот и навремено да регираме доколку се јават одредени проблеми во случај ако предвидените активности тргнат во погрешна насока.
На самиот почеток нашата идеја треба да биде таква која ќе решава одреден проблем или ќе исполнува некоја потреба. Важно е да се ислушаат луѓето и нивните потреби- шансите за некоја работа да успее е поголема доколку предходно се запонаеме со однреден сектор за производство или да се запознаеме со видот на услуга која сакаме да ја пружиме.
Откако ќе ја оформиме целата идеја битно е да поставиме целите : каде сакаме да бидеме после пет години, колку производи или услуги ќе пласираме на пазарот, каков квалитет ќе понудиме, и како ќе ги провериме своите резултати. Затоа мораме да провериме што е тоа што нас не мотивира ние да ја работиме таа работа, по што ќе се разликуваме од другите.
Битно е да ја разгледаме својата кокуренција и можноста да ангажираме соработници кои ќе ни помогнат да ја оствариме нашата цел.
После сопствената проценка да се разгледа пазарот
По поставувањето на целите, треба детално да се разгледа производот или услугата која ќе ја нудиме да дефинираме што е тоа по што се разликува од конкуренцијата .
Следен чекор разгледување на кокуренцијата со цел да дадеме одговор на прашањето дали конкуренцијата е јака или слаба? Доколку е јака, дали воопшто можеме да се избориме за свое место на пазарот? Исто така доколку е слаба, треба да имаме на ум да веројатно постои некоја добра причина. Секако не треба да се влегува во бизнис каде ќе треба да вложите многу со веројатно дека тоа ќе го вратите во некој разумен рок.
После ова, треба да ја процениме вредноста на инвестицијата за да се започне со работа, исто така треба да се направат финансиски пресметки и административни трошоци. Кога тоа ќе го имаме утврдено, на прав пат сме во процесот на планирање на бизнисот во кој евентуално можеме да дојдемо до заклучок дека нешто не е во ред со нашата бизнис идеа.
Секој млад претприемач треба да знае да е многу битно да се повлече јасна граница помеѓу сопствените и парите на фирмата. Без оглед на фактот дека сопствените бизниси се започнуваат главно во насока на создавање на просперитет на сопственикот, средствата доаѓаат од оперативни приходи мора и така трошењето треба да биде рационално, особено во рана фаза на животниот век на бизнис. Отпочнувањето приватен бизнис вклучува различни откажувања. Иако компанијата “не застане на нозе”, сопственикот треба да се воздржи од повлекување на средства, освен во форма на личен доход, кој е пропорционален со можностите на компанијата.
Така, за секој бизнис план се од суштинско значење следниве опции: идеи, лични квалификации, мотивација и цел, соработници на мрежата, потребите на клиентите, цена, фиксни и варијабилни трошоци, инвестиции и оперативни ризици. Подготовката на бизнис-проект подразбира планирање, реализација на планови, тестирање, менување и прилагодување на реалните планови.
Зошто некои старт ап бизниси многу брзо пропаѓаат
Почетниците во бизнисот може да се соочат со неочекуван пад на работа, ако нивниот производ или услуга не ги задоволува потребите на пазарот, ако се игнорираат потребите на клиентите или не се формира вистинскиот тим за реализација на трансакцијата. Ова се трите најчести причини за неуспехот, според неколку светски студии.
Овие фактори се проследени со лош маркетинг, недостаток на бизнис модел, мотивација, лош производ и проблеми со дефинирана цена. На кратко – треба да се обрне внимание на потрошувачката со цел да не се губат пари одеднаш , производ или услуга, нема да се рекламирате, се додека производот и услугата се добри. Исто така често е случај дека добар маркетинг план не е подготвен, а она што го нудите не ја познава соодветната целна група. Некои од дополнителните причини зошто вашиот бизнис може да оди лошо е тоа што не се користи мрежно поврзување, несогласувањето меѓу колегите или лош тим (недостаток на мотивација, експертиза и заедничка визија), губење на интерес во бизнисот, премногу товар на вработените ( “горење” на работа), лошата локација или лошо време за започнување на вашиот бизнис.
Меѓутоа, ако навремено се обрне внимание на овие податоци и да ги применуваат горе наведените совети, со внимателно планирање и следење на развојот на бизнис идејата за вашиот бизнис може да биде повеќе од успешно спроведен. Ќе бидете задоволни затоа што она што долго време размислувавте и разговаравте со пријателите веќе не е само идеја, туку успешна приказна и работа.