Во светот на глобалното финтек инвестирање, платформите за P2P (peer-to-peer) стануваат сè попопуларни како начин за обичните луѓе да инвестираат директно, наместо преку традиционалните финансиски институции. Овие платформи овозможуваат директна поврзаност помеѓу примателите на средства и инвеститорите, нудејќи можност за поголема профитабилност и поголема транспарентност. P2P.mk е првата таква платформа во Македонија, иновација која создава нови можности за инвестирање во локален контекст и пошироко.
Што ве инспирираше да влезете со професионален ангажман во P2P.mk, напуштајќи го конфорниот свет на банкарството и како го гледате на пазарот денес?
Мојот пат до P2P.mk беше комбинација од љубопитност и длабока верба дека традиционалниот финансиски систем може да се подобри. Финансиските институции, иако важни, честопати ја запоставуваат динамиката и потребата за пофлексибилни и побрзи решенија. Со P2P.mk, се обидуваме да ја „демократизираме“ инвестицијата – да им дадеме можност на секого да стане инвеститор, без оглед на нивото на финансиски познавања.
Во последните неколку години, пазарот на P2P платформи доживеа огромен раст во светот, а ние со гордост можеме да кажеме дека бевме првите во Македонија кои ја донесоа оваа иновација. Денес, сè повеќе луѓе сфаќаат дека не мора да бидат пасивни набљудувачи на пазарот, туку можат активно да учествуваат и да ги зголемат своите парични средства.
Денес со 2 години постоење, бројките говорат за успешноста на платформата:
Во време на глобална инфлација, како платформата останува атрактивна за инвеститорите?
Инфлацијата е предизвик, особено во светот на финансии. Но, токму тука P2P инвестирањето се докажува како атрактивно решение. Ние нудиме продукти кои се ориентирани кон тоа да го задржат реалниот вредносен потенцијал на средствата. Кога инфлацијата го намалува вреднувањето на традиционалните инвестиции, инвеститорите во P2P кредити сè уште можат да заработат атрактивни приноси.
Нашите модели на работа дозволуваат активна контрола и диверзификација на инвестициите. Инвеститорите можат сами да изберат каде ќе го насочат својот капитал, а ние им нудиме сите алатки за информирано донесување одлуки. Освен тоа, работиме на технолошки иновации кои овозможуваат дополнителна заштита за нашите клиенти, како и постојано следење на економските текови.
Како го гледате развојот на платформата во иднина?
Нашата мисија отсекогаш била да го донесеме инвестирањето поблиску до луѓето. Во иднина, гледам огромни можности за раст на P2P.mk, не само во Македонија, туку и пошироко на регионално ниво. Нашата цел е да ја прошириме платформата со нови функции кои ќе ги задоволат потребите на новите генерации инвеститори. Размислуваме за интеграција на блокчејн технологии и вклучување на нови пазари кои досега биле недостапни.
Дополнително, размислуваме за едукативни програми преку кои би можеле да го едуцираме населението за финансиска писменост. Нашето искуство покажува дека најголемиот успех доаѓа кога луѓето знаат што прават и веруваат во своите одлуки.
Како вие лично управувате со портфолиото во P2P инвестирањето?
P2P инвестирањето нуди алатки за диверзификација и внимателно следење на кредитоспособноста на примателите на средства. Јас лично секогаш се водам од принципот на анализа и долгорочно планирање. Ние во P2P.mk користиме системи за мониторинг на пазарните услови и вршиме детални проценки на ризикот. Секоја инвестиција е осигурана со договор со кој се гарантира секој влог.
Дополнителна доверба и сигурност влева и податокот што сериозните платформи, како што е P2P.mk, давa посакувана заштита. Во случај, се јавуваат финансиски друштва кои даваат поголема безбедност кај инвеститорите предлагајќи „buyback guarantee”. Оваа гаранција ја прави македонската платформа особено сигурен и стабилен модел за инвестирање.
Вие сте познат како динамичен лидер и иноватор. Како го одржувате балансот помеѓу професионалниот живот и личните интереси?
Балансот е клучен за успех, без разлика дали е тоа во бизнисот или во животот. Се трудам да не дозволам работата да ја преземе секоја минута од мојот ден. Секојдневно барам време за себе – било да е тоа планинарење, читање или едноставно минување време со моите блиски. Сакам и партија баскет со ќерка ми. Сметам дека секоја добра идеја произлегува од време поминато надвор од канцеларијата. Тие моменти на одмор ми дозволуваат да ги согледам предизвиците од нова перспектива и да најдам креативни решенија.
Како гледате на иднината на финтек индустријата во Македонија и регионот?
Финтек индустријата во Македонија е сè уште во почетна фаза, но со огромен потенцијал за раст. Верувам дека младите луѓе и технолошките иновации ќе бидат движечката сила во следните години. Нашата цел со P2P.mk е да бидеме предводници во оваа трансформација и да го направиме финтек секторот во регионот атрактивен за инвестиции и иновации.
Каков совет би им дале на младите претприемачи кои сакаат да започнат нешто свое?
Мојот совет е едноставен – не се плашете да ризикувате, но секогаш бидете добро информирани. Понекогаш, најдобрите идеи доаѓаат од неуспесите. Секој бизнис е комбинација на страст и пресметка, но и на храброст да направите нешто поинакво. Никогаш не треба да се задоволувате со статус кво…постојано барајте иновации.
Што е тоа што, според вас, прави еден бизнис успешен на долг рок?
Успехот на долг рок зависи од повеќе фактори, но најважни се визијата и одржливоста. Секој бизнис треба да има јасна насока и способност да се адаптира на пазарните промени. Но, покрај тоа, сметам дека човечкиот фактор – тимот зад бизнисот – е клучен за успех. Долгорочните успеси се граделе со одржување на квалитетот и посветеност кон клиентите.