Со следното зголемување, кое се очекува од март, ќе се изедначиме со минималецот што се исплаќа во Албанија, односно со износот од 350 евра. Од Сојузот на синдикати велат дека и со порастот во март, со две минимални плати нема да може да се покрие минималната потрошувачка кошничка, која во јануари 2024 година изнесуваше 57.163 денари, ако живее семејството во сопствен стан и нема станбен кредит. Живеејќи во изнајмен стан од 60 квадрати, минималната кошничка за јануари изнесуваше 72.538 денари. За да преживее, според новата методологија на пресметка на минималната плата, на едно семејство му се потребни две просечни плати.

Според ССМ, од кошничката, за храна и за пијалаци отпаѓаат 21.007 денари или 36,7 отсто, за облека и за обувки 4.803 денари или 8,4 проценти, за станарина, вода, електрична енергија и за греење 6.014 денари или 10,5 отсто, за лична хигиена и одржување хигиената во домот 1.797 денари или 3,1 отсто, за здравје 1.115 денари или 2 отсто, за транспорт 4.759 денари или 8,3 проценти, за комуникации 2.709 денари или 4,7 отсто, за рекреација и култура 4.205 денари или 7,4 проценти, за образование 7.022 денари или 12,3 отсто, за ресторани и хотели 3.733 денари или 6,5 отсто и за други стоки и услуги 950 денари или 1,7 проценти.
– Платите растат, но не доволно за да се зачува куповната моќ на граѓаните. И покрај тоа што постојано се фали власта дека растат платите, а инфлацијата паѓа во реалноста, тоа е сосема поинаку. Инфлацијата е поголема од онаа што ја прикажува Статистика, а и минималната и просечната плата се најниски во регионот. Македонските граѓани имаат најнизок стандард и затоа заминуваат на работа во соседството – изјавија за весникот ВЕЧЕР од ССМ.
Од ССМ велат дека она што е загрижувачки е што речиси 90 илјади вработени земаат минимална плата. Тоа практично значи дека една третина од граѓаните живеат со околу 600 денари на ден. Најголем проблем е што 324 илјади работници земаат помеѓу минималната и просечната плата, односно помеѓу 20.175 и 38.843 денари, а има семејства што живеат и со по 100 денари на ден.
Инфлацијата во последниве години имаше силен удар врз македонскиот стандард. Денарот сè повеќе губеше од својата вредност под налетот на сè повисоките цени, кои кај некои производи скокнаа и за 100 отсто. Од аспект на растот на цените на храната, може да се констатира дека со 20.000 денари денеска, во продавница може да го купите истото она што се купуваше пред 2-3 години со 10.000.
Но, од СДСМ, сепак, сметаат дека растот на минималната плата е нивни голем успех. Од 2017 година, минималната плата постојано растеше и сега изнесува 20.175 денари. За 6 години, минималната плата се зголеми 4 пати, а во наредниот месец следува ново покачување.
– Пред само неколку години, минималната плата изнесуваше само 8.800 денари, а околу 90.000 работници во чевларската, текстилната и во кожарската индустрија беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум. Тогашната власт ја прикажуваше Македонија пред светот како земја со евтина работна сила. Денес, минималната плата важи за сите стопански гранки, а со донесеното законско решение, ќе расте секоја година, во март – велат од СДСМ.